Top Sport

Ботас останува во Мерцедес, Окон веќе има договор со Рено?

Германскиот „Ауто билд“ тврди дека Естебан Окон нема да биде замена за Валтери Ботас во Мерцедес следната сезона, откако Французинот веќе имал „пред-договор“ со Рено за сезоната 2020.

Се верува дека Мерцедес бараат замена за Ботас, откако тој повторно не успеа да биде на истото ниво како светскиот шампион Луис Хамилтон, а токму Окон би бил совршена замена поради неговиот талент и возраста. Но, ако германскиот извор е сигурен, тоа значи дека Ботас останува барем уште една година, но во исто време се работи и за лоша вест за Нико Хилкенберг, кој ќе остане без местото во Рено.

Хилкенберг може да биде интересен за тимот на Хас, кои може да го заменат со оваа сезона разочарувачкиот Роман Грожан, за повторно да биде парнтер со својот добар пријател Кевин Магнусен.

Scroll to Top