Возачите на Мерцедес ги освоија првите две позиции на стартот пред утрешната трка во Австрија. „Црните стрели“ доминираа на слободните тренинзи, а добрата форма ја пренесоа и во квалификациите каде ги растурија конкурентите. Денешените квалификации беа разочарувачки за Себастијан Фетел. Германецот не успеа да се пласира во третата квалификациска сесија и трката ќе ја стартува од 11 место.
Првата трка во сезоната од пол-позицијата ќе ја стартува Валтери Ботас. Финецот во Австрија ја освои 12 пол-позиција во кариерата. Ботас постави рекорд во квалификациите со времето 1:02.939 минути.
Трката покрај Ботас од првиот ред ќе ја започне актуелниот светски првак Луис Хамилтон. Британецот исто како и неговиот колега имаше време под 63 секунди, но зад Финецот заостана за само 12 илјадити делови од секундата.
Пласман меѓу првите десет изборија Ферстапен, Норис, Албон, Перез, Лекелр, Саинц, Строл, Рикардо.
Трката за Големата награда на Австрија утре ќе започне во 15.10 часот.