Возачот на Мерцедес Валтери Ботас забележа најдобро време на првиот тренинг во пресрет на трката за Големата награда на Белгија. Втор најбрз на патеката беша Луис Хамилтон, а трет Макс Ферстапен од Ред Бул.
Најбрзиот круг што го извозе Финецот на патеката Спа Франкошамп изнесуваше 1:44493 минути. Хамилтон доцнеше за 69, а Ферстапен за 81 илјадити делови од секундата.
Во една секунда со најбрзиот беа уште неколку возачи: Серхио Перез, Ленс Строл. Алекс Албон, Естебан Окон, Карлос Саинц, Даниел Рикардо, Ландо Норис и Данил Квјат.
Многу проблеми на првиот трениг имаше тимот на Ферари. Шарл Лекерл и Себастијан Фетел завршија на 14 и 15 место.
Mercedes ahead, but not by much ?#BelgianGP ?? #F1 pic.twitter.com/J22Yq7i8hb
— Formula 1 (@F1) August 28, 2020