Top Sport

Брадл ќе вози за Репсол Хонда во Брно

Штефан Брадл ќе вози за Репсол Хонда на трката за Големата награда на Чешка, бидејќи Марк маркез поради повреда нема да може да настапи во Брно. Актуелниот светски првак, во понеделникот, втор пат ја оперираше десната рака. откако лекарите откриле дека плочката од титаниум која треба да ја фиксира надлактицата била оштетна.

„Се радувам што повторно ќе возам за Хонда. Поради пандемијата немавме време да направиме повеќе тестирања, ќе ми биде потребно време за да се навикнам на возилото и на Мото ГП. Ова е предизвик што го чекав, чест е да се вози за Хонда“, рекол германскиот возач.

Трката за Големата награда на Чешка се вози викендов, таа е трета во календарот оваа сезона. Првите две трки се возеа во Херез, на двете победи Фабио Квартараро од Петронас Јамаха.

Scroll to Top