Top Sport

Братот на Хамилтон тврди дека тој се одмара од „токсичните“ социјални мрежи

Луис Хамилтон прави пауза од „токсичните“ социјалните мрежи по драматичниот крај на Ф1 сезоната, тврди неговиот брат Николас Хамилтон, додавајќи дека му е потребен одмор по хаотичниот финиш на сезоната.

Хамилтон ја загуби шансата да стане осумкратен Ф1 шампион во последниот круг од Абу Даби, кога Макс Ферстапен го претекна во контроверзен финиш на трката, по кој на социјалните мрежи имаше многу коментари кои го поддржуваа или Хамилтон или Ферстапен. Британецот нема дадено изјава од таа трка, и неодамна ги избриша сите од својот Инстаграм профил и Николас Хамилтон вели дека тоа е поради „токсичните“ коментари.

„Мислам дека само се одмара од социјалните мрежи и не можам да му замерам за тоа. Социјалните мрежи знаат да бидат многу токсично место. Но, верувајте, тој е кул, како и секогаш. Добар е“, вели неговиот помлад брат.

Минатата недела, возачот на Вилијамс, Николас Латифи, кој се судри на последната трка и го предизвика контроверзното излегување на безбедносното возило по кое победи Ферстапен, откри дека добивал закани со смрт од страна на фанови на Хамилтон.

Scroll to Top