Top Sport

Браун со „застрашувачка“ најава – Ф1 може да е електрична серија за 10 години

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун најави дека не би било проблем Ф1 целосно да биде на електричен погон за десетина години, исполнувајќи ги најголемите стравувања на „пуританците“ во спортот.

„Ако за пет или десет години, или кога ќе биде потребно, ќе имаме поинаков систем на различни мотори во Ф1 ќе го направиме тоа“, изјави Браун.

На ова веднаш реагираше директорот на Формула Е, серијата на болиди на електричен погон, Алехандро Агаг, кој тврди дека поради договорот со ФИА, само тие може да имаат вакви болиди.

„Рос кажа дека Ф1 може да биде електрична серија за 10 години, но тоа не можат да го направат. Ние имаме ексклузивен договор за 25 години со ФИА, и завршивме само четири“, вели Агаг.

Scroll to Top