Top Sport

Бриаторе во свој стил: Оваа година Хамилтон не мислеше на диско

Секое интервју со Флавио Бриаторе, поранешниот шеф на тимовите на Бенетон и Рено, сигурно ќе донесе по некој „бисер“. Овојпат контроверзниот Италијанец дава мислење за стратегијата на Ферари, и за новиот шампион Луис Хамилтон.

Бриаторе вели дека главната грешка на Ферари е што не потпишале договор со Холанѓанецот Макс Ферстапен за 2018 година. 20-годишниот возач на Ред бул, го продолжи договорот со австрискиот тим до 2020 година, додека Ферари решија и во 2018 да го задржат Кими Раиконен.

„Не знам што ќе направи претседателот Серџо Маркионе, бидејќи тој е непредвидлив. Но со Раиконен нема да освојат титула кај конструкторите. Би потпишал со Ферстапен со затворени очи. Тој е единствениот возач кого луѓето сакаат да го видат – гладијатор кого сакаат да казнат во секоја трка“, вели Бриаторе во интервју за „РАИ“.

Тој, конечно, имаше и добри зборови за Луис Хамилтон.

„Оваа година Британецот беше повеќе мотивиран за тоа што се случува на патеката, отколку на диското“, изјави Италијанецот.

Scroll to Top