Церемонијата на повлекување на бројот 46, кој Валентино Роси го носеше во текот на неговата кариера, се одржа во саботата на стартно целниот правец на патеката „Муѓело“.
Бројот 46 е синоним за „Докторот“ кој навистина го промени светот на мотоциклизмот во последните речиси три децении. Деветкратниот светски шампион присуствуваше на церемонијата на задоволство на навивачите во Муѓело.
Во текот на својата кариера која траеше 26 години, италијанскиот мотоциклист седум пати беше шампион во најсилната класа, а еднаш во класите до 125 и 250 кубни сантиметри.
Забележа 115 победи, вкупно 235 пати се најде на подиумот и стана еден од најдобрите на сите времиња, ако не и најдобар.