Top Sport

Четири години суспензија за Јаноне

Судот за арбитража во спортот (ЦАС), во вторникот му изрече четири годишна суспензија на италијанскиот мотоциклист, Андреа Јаноне.

Во овој случај, првобитната одлука на Светската мото федерација, донесена на 31.март 2020 година, да го суспендира Јаноне поради допинг на 18 месеци, ја обжалија Светската анти-допинг агенција (ВАДА) и Јаноне.

На 3.декември 2019 година, во текот на тркачкиот викенд во Малезија, во крвта на Јаноне било откриено присуство на Дростанолон. Оваа супстанца е забранета од ВАДА во 2019 година.

ЦАС, во вторникот, ја одби жалбата на Јаноне, а ја прифати жалбата на ВАДА да му биде продолжена суспензијата. Оваа одлука на ЦАС, веројатно значии крај на кариерата за 31-годишниот мотоциклист.

Scroll to Top