Top Sport

Четири снабдувачи на мотори заинтересирани за Ф1

И покрај јасното несогласување кое го покажаа Мерцедес и Ферари, планот на новите сопственици на Ф1, „Либерти медија“ за поевтин, побучен и поедноставен В6 турбо-хибриден мотор по 2020 година, наиде на добра реакција кај производителите на мотори.

Според „Би би си“, Илмор и Косворт, два независни снабдувачи на мотори познати во Формула  1 се заинтересирани за влез во спортот.

„Новиот предлог е многу интересен за независните снабдувачи“, изјави шефот на Косворт, Брус Вуд.

Спонзорот на Ред бул, Астон Мартин исто така има планови за влез по 2020 како снабдувач на австрискиот тим, а германскиот „Ауто билд“ уште еднаш ја отвара можноста Порше да влезе во спортот.

Зек Браун, шефот на Мекларен, тим кој имаше доста проблеми со снабдувачите, се надева дека по 2021 ќе има многу повеќе опции.

„Би било фантастично да имаме еден или два независни снабдувачи, така што дури и да не си во можност да имаш договор со големите компании да имаш конкурентен и евтин мотор како опција“, вели Браун.

Формула 1 ги објави плановите за моторите од 2021 година

Scroll to Top