Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, ги отфрла шпекулациите за можен негов трансфер во редовите на Ферари. Хамилтон е во Мерцедес од 2013 година, а неговиот договор со овој тим истекува во 2021 година.
„Знам дека црвеното ми стои добро, тешо е да се размислува на таа тема. Со Мерцедес сум од својата 13 година. Промените секогаш се добри, но лојалноста значи се, поради тоа имам и таква тетоважа“, рекол Хамилтон.
„Кога дојдов во Мерцедес им кажав дека не сакам да бидам прв возач. Сакав да имам еднаков третман како и тимскиот колега. По шест години не сум го сменил мислењето“, дополнил Британецот.
Хамилтон е лидер во генералниот пласман и е со најголеми шанси да ја освои шестата шампионска титула.