Top Sport

Дали Ферстапен се потсмеваше со Мерцедес: Сега, можете да го „намалите“ моторот ако сакате

Макс Ферстапен водеше во сите кругови од последната трка од сезоната, Абу Даби ГП трката и не пропушти да ги „боцне“ ривалите од Мерцедес со бизарно барање од своите механичари во текот на трката.

Мерцедес пред трката на патеката Јас Марина изјавија дека моторите на двата болиди на Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе бидат „намалени“ поради претпазливост, и на неколку круга пред крајот на трката возачот на Ред бул преку радиото им порача на своите механичари: „Ако сакате можете да го намалите моторот“.

Ова дојде во моменти кога Холанѓанецот имаше 12 секунди предност пред Ботас на второто место. Секако, доби негативен одговор.

Scroll to Top