Top Sport

Дали Михаел Шумахер згреши кога се врати во Ф1 во 2010?

Долгогодишниот менаџер на Михаел Шумахер, Вили Вебер се согласува со Берни Еклстоун дека кам-бекот на седумкратниот Ф1 шампион во 2010 бил грешка.

Еклстоун изјави дека проблемот на Шумахер е што „не знаел каде му се границите“ и дека одлуката да се врати од пензијата за три потпросечни сезони со Мерцедес направиле штета на неговата репутација.

„Јас му кажав на Михаел дека не сметам дека е добра идеја да се враќа и дека според мене само може да загуби, бидејќи осма титула беше далеку. Но, тој не се предаде и ми кажа: ’Што да правам? Досадно ми е и ми се вози’“, вели Вебер.

Кога Шуми реши да се врати со Мерцедес во 2010 година, Вебер беше отпуштен и на негово место беше Сабине Кем. Сепак, тој остана во блиски односи со својот поранешен агент сè до несреќата на Шумахер во декември 2013. Во тие три сезони со „сребрената стрела“, Шумахер оствари само еден подиум. Сепак, Вебер е лут на Еклстоун.

„Нормално дека Михаел возеше на лимитот како сите светски шампиони. Не очекував такви коментари од Еклстоун, посебно бидејќи успехот на Михаел донесе многу пари за него и за сите во Формула 1. Сите би посакале такви денови во Ф1 и денеска“, вели Вебер.

Scroll to Top