Четирикратниот светски шампион, Себастијан Фетел ги подгреа шпекулациите дека ќе се врати во Формула 1 следната сезона, откако изјави дека не планира ништо, но дека е „подготвен“ да се трка во секој момент.
По потпросечната сезона со Ферари во 2020, Фетел се префрли во тимот на Астон Мартин со кои ги помина последните две сезони пред да се повлече од спортот. Оваа година тој остана активен, учествувајќи на Трката на шампиони и возејќи го болидот на Ред бул од 2011 на старата патека во Нирбургринг.
„Да, останувам физички фит, но бидејќи го сакам тоа, а не дека планирам да се вратам. Можеби мојот врат не е толку поготвен како претходно, но сите други работи се доволно добри“, вели Фетел во интервју со Мартин Брандл.
Брандл потоа ги споменува Алан Прост, Ники Лауда, Најџел Менсел, Фернандо Алонсо и Кими Раиконен и го запрашува Фетел дали би имал победничко деби.
„Имам 36 години, не поминаа 10 години од моето заминување, но многу работи зависат од предизвикот. Не размислувам за тоа засега, туку уживам во моментов“, вели Фетел.