Top Sport

Дејмон Хил: Мерцедес се вратија во борбата за титулата

Поранешниот Ф1 шампион, Дејмон Хил ги предупреди Ред бул и Ферари дека Мерцедес се вратија во борбата за титулата по охрабрувачкиот настап на Шпанското ГП во Барселона.

По катастрофалниот старт на сезоната, на Каталуња, Џорџ Расел стигна до подиумот, додека Луис Хамилтон од последното место по судирот со Кевин Магнусен успеа да заврши на петтото место. Ова е резултат на подобрувањата на болиот на Мерцедес, и иако уште се далеку во борбата за поени зад Ред бул и Ферари, охрабрува фактот што проценките велат дека Хамилтон бил за 30 км/ч побрз од Карлос Саинс во Шпанија.

„Неверојатно како Хамилтон од позиција: ‘Ова не е добро’, стигнува до петтото место. Мерцедес, конечно, му дадоа машина со која може да го направи тоа и мислам дека во Ферари и Ред бул ќе бидат загрижени од нивната брзина. Само што почнаа да ги решават проблемите, а ако го средат болидот до крај, зошто да не можат и до титулата“, вели светскиот шампион од 1996 година.

Scroll to Top