Top Sport

Џорџ Расел мислеше дека неговата пот е дожд!

Победникот на Шпанското ГП, Макс Ферстапен му се изнасмеа на својот ривал од Мерцедес, Џорџ Расел, кој за време на трката во Барселона помисли дека неговата пот значи дека почнало да врне дожд.

Иако според временската прогноза постоеја шанси да заврне, трката се одвиваше на сува патека, и покрај тоа што Расел на својот тим му порача дека почнува да врне на петтата кривина. Неколку круга подоцна, тој сфати дека направил грешка.

„Дали некој друг известува дека има дожд? Мислам дека се работеше за пот во мојата кацига“, порача Расел.

„Изгледа дека само ти известуваш дожд. Се сомневам дека е пот“, му одговорија од тимот.

Scroll to Top