Top Sport

Дилон победи во Тексас

Остин Дилион победи на трката во НАСКАР, во рамките на Куп серијата, која изминатата ноќ се возеше во Тексас. За Дилон ова е првата победа сезонава во Куп серијата.

Оваа победа на Дилон му овозможи да влезе меѓу најдобрите 16 возачи кои ќе возат во плеј-офот.

Победата во тексас е третата во кариерата на Дилон, претходно победи во Дејтона 2017 и Шарлот во 2018 година.

Трката во тексас на второто место ја заврши тимскиот колега на Дилон, Тајлер Редик, додека подиумот го комплетираше Џои Логано.

Наредната трка во НАСКАР, во рамките на куп серијата, ќе се вози во ноќта помеѓу среда и четврток.

 

Scroll to Top