Top Sport

Дисквалификуван екс-шампионот на релито Дакар

Поранешниот шампион на релито Дакар, Андреј Каргинов е дисквалификуван од годинешното издание на трката, во конкуренцијата на камиони, откако со своето возило удрил гледач на патеката, а потоа не застанал и не покажал интерес за состојбата на гледачот.

Рускиот возач настапува за „Камаз“, а релито Дакар успеа да го освои во 2014 година. Инцидентот, Каргинов го направил за време на петтата етапа, кога со своето возило поминал преку ногата на еден од гледачите.

Тој воопшто не застанал по инцидентот, а организаторите на трката поради таквото однесување решиле да го исклучат од трката. Рускиот возач, тој тој момент со две стапни победи се наоѓал на третото место во генералниот пласман.

Шефот на „Камаз“ тимот Владимир Чагин, рекол дека одлуката на организаторот е престрога и дека Каргинов не бил свесен што се случило до завршувањето на етапата.

Scroll to Top