Top Sport

Џеки Стјуарт одговори: Не одам контра Хамилтон, но тој не најдобриот

Трикратниот Ф1 шампион, Сер Џеки Стјуарт вели дека не се обидува да го намали значењето на успесите на Луис Хамилтон, откако неодамна изјави дека не би го поставил Хамилтон меѓу најдобрите тројца возачи во историјата.

Хамилтон по неделната победа во Нирбургринг го израмни рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа, по што изјави дека „постарите возачи“ постојано се обидуваат да го намалат неговиот успех. Стјуарт веднаш одговори.

„Не се обидувам да одам контра Луис Хамилтон и ги почитувам неговите перформанси. Тој е најдобриот возач на денешницата. Не се обидувам да го турнам и разочаран сум што мисли така. Што би добил јас од тоа? Имам 81 година. Бев запрашан за моето мислење за тоа што Луис стана возачот со најмногу победи и дали тоа го прави најголемиот на сите времиња и за мене е тешко да се каже тоа. За мене најголемиот останува Хуан Мануел Фанџо, а зад него е Џим Кларк. Дали Лионел Меси е подобар од Пеле или од Сер Стенли Метјуз? Дали Роџер Федерер е подобар од Род Лејвер? Можете да кажете дека Луис е најдобриот на денешницата и тоа не е навреда“, вели Стјуарт.

Џеки Стјуарт: Хамилтон не е ниту во топ 3 во историјата на Ф1

Scroll to Top