Најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан по пауза од 47 години стана првиот црномурен сосптвеник на екипа во НАСКАР. Џордан заедно со Дени Хамилтон ќе основаат нов тим во НАСКАР.
Еден од возачите во тимот ќе биде Буба Волас. Тимот ќе биде единствен во НАСКАР кој ќе има сопственик и возач од афро-американско потекло.
„Историски гледано НАСКАР секогаш имаше проблем со рамноправноста, тука немало многу црномурни сосптвеници. Сега тајмингот е перфектен за промени во НАСКАР“, рекол Џордан.
47 години пред Џордан црномурен сопственик на тим бил Вендел Скот.
Тој имал свој тим од 1961 до 1973 година, а самиот возел на 495 трки. Тој е единствениот афро-американец кој победил во Џексонвил.