Top Sport

„Докторот“ уверен: 99% дека ќе возам и следната сезона во Јамаха!

Седумкратниот Мото ГП шампион, Валентино Роси нема намера да се пензионира. Италијанецот пред трката за Големата награда на Сан Марино најави дека и следната сезона ќе биде дел од Јамаха-Петронас.

„Ситуацијата е како пред две-три недели. Не брзам со Јамаха затоа што не сме во ситуација нешто да поправаме. Многу сме близу до потпис, морам да кажам дека сигурноста е 99%“ рече Роси.

Италијанскиот возач има 41 година, а последната титула ја освои во 2009 година. Минатата сезона беше седми во генералниот поредок, а моментно е повторно седми, со 45 бода, 25 помалку од лидерот на табелата – Фабио Квартараро.

„Секогаш е посебно да се тркаш на Мизан, за многу возачи тоа е домашна патека. Јас живеам на 10 километри од овде, пораснав на патекава“ – рече Роси пред следниот предизвик.

Scroll to Top