Top Sport

Доменикали ќе биде новиот извршен директор на Ф1

Поранешниот шеф на Ферари и актуелен извршен директор на Ламборгини, Стефано Доменикале, од наредната сезона ќе биде извршен директор на Формула 1. На функцијата Доменикали ќе го замени Чејс Кери.

Кери извршен директор на Ф1 стана во 2017 година кога го наследи Берни Еклстон. Во исто време тој ја обавува и функцијата извршен директор на „Ливерти медија“.

Донемикали во изборот добил голема поддршка од уште еден поранешен член на Ферари, Рос Браун инаку генерален директор на мотоспорт.

Стефано Доменикали кариерата во Ферари ја започна во 1991 година, оставка поднесе во 2014 година откако одби да ја спроведе наредбата на Лука ди Монтоземоло да му врачи отказ на шефот на одделението за развој на моторите.

Во 2008 година беше директор на Ферари кога на функцијата го замени Жан Тод.

Scroll to Top