Top Sport

Доминацијата на Мерцедес продолжи и на тестирањето

Валтери Ботас ја продолжи супериорноста на Мерцедес во Ф1 со најбрз круг на тестирањето на патеката Каталуња во вторникот.

Ботас, кој е втор во генерален пласман откако ја загуби битката со колегата Луис Хамилтон на неделното Шпанско ГП на истата патека, имаше најдобар круг од 1:15.511, поспоро од 1:15.406 кое го постави за освојување на пол-позицијата, а покрај тоа комплетираше и 131 кругови, или далечина од околу две трки. Мерцедес имаат пет 1-2 победи во првите пет трки од сезоната.

Шарл Леклер беше втор најбрз за Ферари со 1:16.933, додека Данил Квјат во Торо росо беше трет со 1:17.679. Канаѓанецот Николас Латифи, резервниот возач на Вилијамс имаше најмногу кругови (134), но и најспоро време.

Британецот Калам Илот пак, дебитираше во тестот за Алфа Ромео и имаше сериозен инцидент во попладневната сесија, но се извлече без повреда.

Scroll to Top