Top Sport

Дорна ја откажа трката во Аргентина

Дорна го објави конечниот список за актуелната сезона во Мото ГП шампионатот. Поради пандемијата на коронавирусот, челниците беа принудени од месец во месец да го коригираат распоредот на трките.

Конечна одлука на Дорна е да се вози трката за Големата награда на Аргентина, која според распоредот требаше да се вози на 24.октомври.

Покрај траката на патеката „Термас де Рио Оро“, претходно Дорна соопшти дека нема да се возат трките во Финска, Јапонија, Тајланд, Австралија и Малезија.

Финалната одлука е наместо во Аргентина да се вози уште една трка на патеката во Мизано. Таа трка е закажана за 19.октомври на патеката „Марко Симончели“. Трлата ќе се вози под името Голема награда на Емилио Ромања.

Scroll to Top