Андреа Довициозо вели дека тоа што неговиот ривал за титулата Марк Маркез „не знае како да се скроти“ му дава надеж дека може да го победи на последната трка од сезоната во Валенсија и да му ја грабне титулата.
Возачот на Дукати заостанува 21 поени зад Маркез во генерален пласман, што значи дека мора да победи на трката и да се надева дека Маркез не е во најдобрите 11, што е многу тешко остварлива варијанта доколку шпанскиот возач на Хонда ја заврши трката. Маркез би можел со смирено возење во Валенсија да стигне до четвртата светска титула, но Довициозо вели дека непредвидливоста на ривалот е негова предност.
„Тој е многу добар и знае како да се однесува во овие пресметки за титулата. Но, исто така е вистина дека кога ќе добие шанса, тешко се воздржува и тогаш може да се случат грешки. Нема смисла да зборуваме за грешките, бидејќи мојата цел е едноставна – да се победи на трката“, вели Довициозо.
Маркез признава дека возење за пласман во топ 11 не е „негов стил“ и вети дека ќе даде 100 отсто во борбата.
„Возење внимателно не е мојот стил. Овој викенд ќе туркам како и секогаш, ќе дадам максимум. Нема да одам и да кажам одам на 10. место. Одам на уживање и на победа“, вели Маркез.