Top Sport

Дови со прва пол-позиција од 2016!

Андреа Довициозо со Дукати ја освои пол-позицијата на Чешкото ГП во Брно, победувајќи го Валентино Роси во Јамаха за само две десетинки на крајот на трилер-сесијата.

Довициозо, со најновиот аеродинамичен пакет на Дукати, скокна од осмото на првото место со летечки круг откако сесијата заврши, комплетирајќи 1:54.689 за да го симне светскиот шампион на Хонда, Марк Маркез од лидерското место. Веднаш зад него, Роси го обезбеди второто место со 0.267 секунди послабо време, оставајќи го Маркез на третото место.

За Довициозо ова е прва пол-позиција оваа сезона и прва од Малезиското ГП во 2016 година.

Вториот возач на Дукати, Хорхе Лоренцо беше четврт со 0.349 секунди заостанување, пред Кал Крачлоу (ЛЦР Хонда), Данило Петручи (Прамак Дукати), Жоан Зарко (Јамаха), Андреа Јаноне (Сузуки), Алекс Ринс (Сузуки) и Дани Педроза (Хонда).

Scroll to Top