Top Sport

Дови заминува на одмор, нема да вози во 2021 година

Андреа Довициозо нема да учествува во Мото ГП шампионатот наредната година. Италијанскиот возач решил да одмори една година.

Довициозо, одбил понуди од неколку тимови да биде тест возач во 2021 година. Рекол дека заминува на долг одмор, со надеж дека ќе се врати на патеките во 2022 година.

Наводно интерес за него, да биде тест возач, покажале најпрвин КТМ и Априлија, а потоа и Хонда односно Јамаха.

Неколку месеци претходно, Довициозо, ја објави и информацијата дека е незадоволен од одлуките што ги носи Дукати, поради што решил да не ја продолжи соработката со овој тим.

Scroll to Top