Двојката на Дукати, Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо ги остварија двете најдобри времиња на вториот тренинг пред Сан Марино ГП трката во Мизано, додека локалниот фаворит, Валентино Роси дури во финишот на сесијата успеа да влезе во топ 10.
Светскиот шампион, Марк Маркез на Хонда, и Роси на Јамаха го завршија првиот тренинг надвор од топ 10, а со најавениот дожд за утре, ризикуваа да не влезат во втората квалификациска сесија директно. Но, втората тренинг сесија остана сува и на Маркез му беа потребни само два круга да го подобри времето на Довициозо од првиот тренинг (1:32.537).
Маркез остана прв до последните две минути од сесијата, кога прво го помина Лоренцо, а потоа и Довициозо, кој заврши со време од 1:32.198. Кал Крачлоу на ЛЦР Хонда беше трет, пред Маверик Вињалес на Јамаха. Маркез на крајот падна на петтото место, пред Данило Петручи (Прамак Дукати) и Алекс Ринс (Сузуки), а Роси се врати на 8. место пред својот пулен Франко Морбидели (Марк ВДС Хонда) и Жоан Зарко (Тех 3 Јамаха).
Ducati vs Marquez at Misano? Day 1 sets the scene@AndreaDovizioso heads @lorenzo99, with @marcmarquez93 completing the top five as @ValeYellow46 leaves it late#MotoGP | #SanMarinoGP ? https://t.co/7E4a4rSM14 pic.twitter.com/j4kKEGXaDU
— MotoGP™??? (@MotoGP) September 7, 2018
Here's what the free practice times look like in the #MotoGP class on Friday ⏱#SanMarinoGP ?? pic.twitter.com/jRNH6hYaGK
— MotoGP™??? (@MotoGP) September 7, 2018