Top Sport

Довициозо триумфално на „Ред бул ринг“, Роси и Вињалес за малку ќе настрадаа

Возачот на Дукати, Андреа Довициозо победи на Мото ГП трката за Големата награда на Австрија возена попладнево на „Ред бул ринг“ во Шпилберг.

Довициозо зад себе го остави Жоан Мира на Сузули, додека трет беше возачот на Прамак Дукари, Џек Милер.

Трката ја одбележа судирот меѓу возачот на Дукати, Жоан Зарко и Френк Морбидели на Јамаха. Двајцата завршија надвор од патеката, но поминаа без тешки повреди.

Голема среќа имаа и Валентино Роси, односно Маверик Вињалес кои за влакно ги избегнаа срушените мотори.


Мото ГП шампионатот продолжува наредниот викенд со трката за Големата награда на Штаерска.

Scroll to Top