Управата на Формула 1 и Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) соопштија дека минатата недела на тестирањата позитивни биле двајца вработени. Тие биле одалечени од работните места и се наоѓаат во изолација.
Соопштуваат дека се пронајдени нивните контакти и тие се испратени во изолација, се наведува на сајтот на Ф1.
Натпреварувањето во Ф1 започна на 5 јули во Австрија, а трките се возат без публика.
Сите кои присуствуваат на трките се тестирани и мораат да имаат негативен тест за да можат да влезат на патеката.
Откако започна сезоната направени се речиси 15.000 тестови.
„ФИА и Ф1 потврдуваат дека меѓу 10 и 16 јули се извршени 4.997 тестови на возачите, екипите и сите вработени. Од нив, две личности се позитивни. Тие биле во Австрија, оддалечени се од работа и се во изолација. Пронајдени се нивните контакти и тие се во изолација“ стои во соопштението.