Top Sport

Двапати во 24 часа, Марк Маркез завршува во песокот!

Еден од најдобрите мотоциклисти моментно во светот, Шпанецот Марк Маркез откако доживеа тежок пад на тренингот пред неделната трка за Големата награда на Тајланд, и денеска на квалификациите се најде на асфалтот и во песокот.

Шпанецот падна во текот на вториот круг квалификации, а и ветеранот Валентино Роси падна на истото место од патеката, на кривината број 5. Маркез во конечиот поредок пред утрешната трка заврши трет. На асфалтот заврши и Французинот Фабио Куартаро кој сепак оствари најдобро време. Втор во денешните квалификации беше Шпанецот Маверик Виналес.

Редоследно следните места во квалификациите пред трката им припаднаа на Данило Петручи, Џек Милер, Андреа Довициозо, Жоан Мир со Сузуки, Валентино Роси, а првата десетка ја заокружи пилотот на Сузуки, Алекс Ринс.


Еве како изгледаше вчерашниот пад на Маркез:

Scroll to Top