Top Sport

Еди Џордан: Хамилтон е престар, не може да го победи Ферстапен во ист болид

Поранешниот сопственик на Ф1 тим, Еди Џордан, смета дека годините го „стигнале“ Луис Хамилтон, оценувајќи дека седумкратниот светски шампион не би можел да го победи Макс Ферстапен ниту во ист болид.

Во минатото, двајцата имаа супер-возбудливи трки кои ги поделија Ф1 фановите на два „тима“, кулминирајќи со контроверзниот финиш на сезоната 2021 со Абу Даби ГП. Но, оттогаш, Мерцедес не успеаја да му обезбедат силен болид на Хамилтон, а Ферстапен доминира последните две сезони.

„Мислам дека е готово за Луис. Да, секако, тој може да победува на ГП трки, но потребно е многу работи да му се поклопат. Во последните неколку трки е одличен, но мислам дека Макс е на совршено место со своите години, искуство, самодоверба, што во ист болид мислам дека лесно би го победил Луис. Кога си успешен многу години, добиваш багаж, нели? Кога си помлад знаеш дека сакаш повеќе и тоа е предноста на Макс“, вели Џордан.

Scroll to Top