Top Sport

Еклстоун: Ако се обложивте на Ферари, никогаш нема да добиете

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстоун вели дека сите кои ќе се обложиле Ферари да ја освои титулата оваа сезона, можат да се простат со своите пари.

Ферари имаа фантастичен старт на сезоната, и Шарл Леклер направи предност од 34 поени по само три трки со победи во Бахреин и Австралија, и многумина проценија дека Скудерија најдобро ги „разбрала“ новите технички регулативи. Меѓутоа, потоа работите тргнаа наопаку – на Леклер двапати му откажуваше моторот, во Монако ја згрешија тактиката и Еклстоун признава дека е разочаран од развојот на настаните.

„Јас, како и многу други луѓе се надевав дека по 14 години, Ферари повторно ќе успее. За жал, секој кој се обложил на Ферари или Леклер, никогаш нема да добијат. Повторно прават грешки, нивната постојаност наликува на старите денови, а нивните возачи немаат доволно самодоверба. Затоа Макс има лесна работа, а Ред бул имаат веќе шест победи“, вели 91-годишниот Еклстоун за „Блик“.

Ферари последен пат освоија титула кај возачите со Кими Раиконен во 2007 година.

Scroll to Top