Top Sport

Еклстоун: Black Lives Matter го искористија Луис Хамилтон

Поранешниот газда на Формула 1, Берни Еклстоун ја брани одлуката на шефовите да се тркаат во Саудиска Арабија оваа сезона, и смета дека седумкратниот шампион Луис Хамилтон е искористен од движењето „Black Lives Matter“.

90-годишниот Еклстоун никогаш не се воздржувал од контроверзни изјави и лани изјави дека „понекогаш црните луѓе се поголеми расисти од белите“, по што следуваше реакција на Хамилтон кој го опиша како „неедуциран и неук“. Екслстоун вели дека стои на истите ставови.

„Да бев уште во Формула 1 никој немаше да носи такви маички на подиумот, тоа е сигурно. Немаше да има клечење пред трките. Се согласувам дека спортот треба да направи многу да го зголеми диверзитетот, но тоа не смее да се води како политика. Мислам дека Луис лани не сфати што кажувам. Јас сум за давање шанса, и јас сум првиот кој стави црн човек во Ф1 болид и го поддржував до крај. Но, му кажав на неговиот татко Ентони: ‘Луис мора да е внимателен, бидејќи го користат луѓето од Black Lives Matter и прават пари на него’“, вели Еклстоун во интервју за „Телеграф“.

Scroll to Top