Top Sport

Еклстоун: Фетел не е лидер, загуби титула со најдобриот болид

Поранешниот шеф на Ф1, Берни Еклстоун не крие дека еден од неговите најблиски пријатели во последните години во спортот беше возачот на Ферари, Себастијан Фетел, но тоа не го спречи да го критикува Германецот.

Еклстоун и Фетел честопати играа домино заедно додека Британецот беше сопственик на Ф1, но тој сега вели дека тој ги нема квалитетите на еден Михаел Шумахер, нешто што е неопходно за успех во Ферари.

„Михаел го носеше Ферари на своите рамења и ги извади од криза. Тој беше вистински лидер. Себастијан не е таков“, вели Еклстоун во интервју за „Ла Газета дело спорт“.

Фетел и Ферари беа во одлична позиција да се борат за титулата оваа сезона и беа лидери до летната пауза, и Еклстоун вели дека карактерот на Германецот придонел италијанскиот тим да ја загуби битката со „најдобриот болид“.

„Во Ред бул, Себастијан беше навикнат да го сакаат. Но, тоа не е така во Ферари и затоа ја загуби концентрацијата. Себастијан е многу чувствителен човек, што е навистина чудно за Германец. Мора да биде ментално посилен и да ги гледа смирено работите. Оваа година имаше шанса да го направи тоа“, додава Еклстоун.

Scroll to Top