Top Sport

Еклстоун: Ќерките ми ги „ситнат“ милионите

Во интервју со Греем Бенсингер пред Азербејџанското ГП оваа година, поранешниот Ф1 шеф, Берни Еклстоун зборуваше и за своите три ќерки, Дебора, Тамара и Петра, од кои последните две бргу му го трошат богатството.

Самата животна приказна на 87-годишниот Еклстоун не е постојано поврзана со милионите и милијардите, бидејќи тој самиот го изгради огромното богатство почнувајќи со гаража за поправки на тркачки автомобили, а завршувајќи со целосна контрола на спорт кој вреди милијарди.

За неговите ќерки, инаку чести „посетители“ на насловните страници на британските таблоиди по џет-сет животниот стил и растрошноста, ситуацијата е обратна. Еклстоун вели дека не му грижа ако трошат за да бидат среќни, но смета дека тоа не е најдобриот начин за одгледување на децата, односно неговите внуци.

„Па, парите се тука за тие да ги трошат. Ако се потрошат, ќе мораат да најдат нешто друго за правење. Не ме загрижува многу. Знам дека ќе доаѓаат пак кај мене и јас ќе давам додека не се потрошат. На една од моите ќерки ѝ оди доволно добро со нејзината компанија“, вели Еклстоун.

Scroll to Top