Top Sport

Екс-ѕвезда во Ф1 поради шега со петарда заврши во притвор

Поранешната ѕвезда на Формула 1 – Жан Алези заврши во притвор поради „несолена“ шега. Тој на прозорецот на својот баџанак поставил силна петарда, која при експлозијата го оштетила прозорецот и ги исплашила станарите во градчето близу Ним, во Франција.

„Алези е приведен поради оштетување на имот со експлозивна направа“ изјавил Антоан Вилф, заменик обвинител.
Алези петардата ја запалил со синот и со својот пријател кој исто така завршил во притвор. Поранешниот возач подоцна објаснил дека не очекувал дека петардата ќе направи таква штета.

„Тоа беше шега која пропадна“ рекол Алези.

Тој 13 години беше дел од Ф1 циркузот, а забележа само една победа.

Scroll to Top