Top Sport

Екс-шампион во Формула 1 дизајнираше сопствен автомобил

Поранешниот шампион во Формула 1, Финецот Нико Розберг дизајнираше сопствен тркачки автомобил.

Нико Розберг со „Мерцедес“ ја освои титулата во Ф1, кога го победи тимскиот колега Луис Хамилтон.

Неговиот татко, Кеке Розберг беше првиот Финец кој се натпреваруваше во Формула 1 и во 1982 година стана и шампион во „најбрзиот светски циркус“.

Нико и понатаму е голем љубител на тркањето, па на својот Youtube канал прикажа како го дизајнираше својот автомобил за тркање – електричниот хиперавтомобил.

Погледнете:

Scroll to Top