Top Sport

Елиот победи на „Ол стар“ трката во Бристол

Чејс Елиот победи на „Ол стар“ трката која во рамите на НАСКАР шампионатот изминатата ноќ се возеше во Бристол.

Елиот во Бристол на челната позиција се наоѓаше во 60 од вкупно 140 кругови. Победата на Чејс му донесе еден милион американски долари.

Интересно во минатото таткото на Чејс, Били Елиот, победи на „Ол стар“ трката во Атланта. Таткото и синот се победници на единствените две трки кои не се возени на традиционалната патека во Шарлот.

Елиот во Бристол победи пред Кајл Буш. Во целта разликата помеѓу нив двајца изнесуваше 0,418 секунди. На третото место се пласира лидерот во генералниот пласман Кевин Харвик.

 

Scroll to Top