Top Sport

Ф1 го потсети Луис Хамилтон дека мора да го извади пирсингот пред секоја трка

Формула 1 возачите добија предупредување дека им е забрането да носат накит додека се тркаат, во објава која се верува дека е наменета за седумкратниот светски шампион, Луис Хамилтон, кој вообичаено се трка со пирс на носот.

Ова „потсетување“ се појави во забелешките пратени до возачите пред Австралиското ГП овој викенд и е потпишано од новиот директор на трки, Нилс Витих, кој заено со Едуардо Фреитас го сменија Мајкл Маси.

Инаку, забраната за носење на било каков наки на возачите е во сила од 2005 година, но досега никој не бил казнет. Причината е да се спречаат повреди при случај на инцидент, а исто така важи и забраната на носење на прстени и алки.

„Носењето на нкит во форма на боди пирсинг или метални ланчиња околу вратот е забрането во текот на натпреварувањата и може да биде проверувано пред секој старт на трка“, се вели во правилата.

Scroll to Top