Тимовите кои се натпреварувата во шампионатот на Формула 1 ги прифатиле мерките за штедење. Според Би-би-си, пакетот за штедење би требало да му помогне на овој спорт да ја преживее финансиската криза што ја предизвика коронавирусот.
Челниците на тимовите го поддржале предлогот кој предвидува горната граница на буџетите да биде намалена за 30 отсто. Таа наредната сезона ќе изнесува 145 милиони долари.
За 2022 година тој износ би бил намален на 140 милиони долари, а во периодот од 2023 до 2025 година тимовите ќе можат максимално да потрошат 135 милиони долари.
Челниците на Формула 1 со овој пакет-мерки имаат намера да ги намалат трошоците и во исто време да им помогнат на помалите тимови да станат конкурентни.