Top Sport

Ф1 ќе се вози во Лас Вегас

ФИА потврди дека од наредната сезона во календарот ќе биде и трката во Лас Вегас. Траката на програмата ќе биде во ноември, а Формула 1 соопшти дека ќе се вози во сабота.

Трката која ќе се вози низ улиците на Лас Вегас, ќе биде трета која ќе се вози на територијата на САД, по Остин и Мајами.

Лас Вегас во минатото бил домаќин на Ф1, трки во овој град се возеле во 1981 и 1982 година.

Траката ќе се вози на Јужниот булевар, во делот каде се наоѓаат најпознатите хотели и коцкарници. Патеката ќе биде долга нешто повеќе од 6 километри, максималната брзина на патеката ќе изнесува 340 километри на час.

Scroll to Top