Top Sport

Ф1 најавува ноќна трка во Лас Вегас

САД наскоро ќе добијат уште една трка во првенството на Формула 1. Американските новинари тврдат дека по Остин и Мајами, домаќин на трка во шампионатот на Формула 1, ќе биде и Лас Вегас.

Градот во сојузната држава Невада, ќе добие ноќна трка, која ќе се вози во најатрактивнот дел од Лас Вегас. Патеката ќе минува низ Јужниот булевар, познат како „Вегас стрип“, каде се наоѓаат најпознатите хотели и казина.

Формула 1 се определиле за оваа опција, бидејќи во тој дел има многу пешачки мостови, од кои навивачите ќе можат да ја следат трката.
Голамата награда на Лас Вегас би можела да се најде во календарот од наредната година. Последен пат Формула 1, во Лас Вегас, се возела во 1982 година.

Формула 1 од пред неколку години се наоѓа во сопственост на „Либерти медија“, поради што и се очекува да има повеќе трки на територијата на САД.

Scroll to Top