Top Sport

Ф1: Наместо во Сингапур, во октомври ќе се вози во Турција

Трката за Големата награда на Тирција во Ф1 шампионатот е се одржи оваа сезона на местото на откажаната трка за ГН на Сингапур.

„Се надеваме дека повторно ќе видиме една фантастична трка на една од најдобрите патеки во светот“ рече денеска извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикели.

Трката ќе се одржи на 3. октомври, во терминот во кој беше планирано да се вози во Сингапур, а се откажа поради строгите мерки против коронавирусот.

ГН на Турција ќе се вози на патеката „Истанбул Парк“.

Првично, Турција требаше да биде домаќин на Ф1 трка во јуни, но поради ограничувањето на патувањата, истата беше одложена.

Најмногу победи во Турција има поранешниот бразилски возач, Фелипе Маса (3), додека светскиот шампион Луис Хамилтон остварил досега две победи во Истанбул.

Scroll to Top