Мексиканскиот Формула 1 возач, Серхио Перез од тимот Рејсин Поинт ќе учествува на трката за Големата награда на Шпанија што ќе се вози во недела на патеката „Каталуња“. Тој на последниот тест за Ковид 19 бил негативен.
Перез беше заразен со коронавирусот, па поради тоа ги пропушти двете трки во Ф1, возени на „Силверстоун“ во Велика Британија.
Него на тие трки го заменуваше клупскиот колега, Нико Хулкенберг.
На првата трка, Хулкенберг не стартуваше, додека на втората го зазема второто место иако стартуваше од третата позиција.
Перез во првите три трки сезонава освои вкупно 22 бода.