Единствениот американски Формула 1 тим, Хас Ф1 е првиот кој го претстави својот болид преку онлајн-презентација.
ВФ-18 болидот е само трет болид изграден од американскиот тим, кој минатата сезона стигна до осмото место во генерален пласман со 47 освоени поени. Името ВФ доаѓа од историјата на татковската компанија „Хас Аутмејшн“, кои во 1988 година го изградија првиот тркачки автомобил за ЦНЦ шампионатот, ВФ-1. Неофицијално ВФ стои за „Very First One” или „баш првиот“.
„Покажавме што можеме во Формула 1, и мислам дека нашиот кредибилитет веќе не е под сомнеж. На новиот болид ги отстранивме слабостите кои се покажаа во вториот дел од сезоната и мислам дека ќе бидеме поблиску до најдобрите тимови“, вели основачот на тимот, Џин Хас.
Најзначителна визуелна промена секако е додавањето на „ореолот“, системот за заштита на главата кој ќе биде задолжителен оваа година, и драстичното намалување на „перката на ајкула“ на задниот дел од болидот.
„Најголема промена е додавањето на ‘ореолот’, за што беа потребни дополнотелни аеродинамички тестирања, а дизајнерите мораа да ја модифицираат шасијата. Поради зголемувањето на тежината имаме и повисок центар на гравитација, но сите го имаат истиот проблем“, вели шефот на тимот, Гинтер Штајнер.
Хас и во 2018 ќе останат со искусните Роман Грожан и Кевин Магнусен зад воланот. Тестирањето почнува на 26 февруари во Барселона.