Top Sport

Ф1 шампионот Хамилтон стана моден дизајнер (галерија+видео)

И покрај тоа што е вклучен во тесна борба за титулата со Себастијан Фетел, Луис Хамилтон најде време за уште една негова страст – модата.

Тој честопати ги посетува модните ревии низ целиот свет, но сега направи чекор понапред и се појави на модната писта при промоцијата на својата нова едиција заедно со „Томи Хилфигер“ со име „TommyxLewis”.

На промоцијата во Шангај, Кина присуствуваа дел од неговите најблиски џет-сет пријатели, како манекенката Вили Харлоу.

„Секогаш ме оценуваат за модата, но и кога одам на улица, и тоа не е ништо ново. Но, ова е нешто поинаку, бидејќи сум вклучен во процесот на дизајнирање. Ова е моја едиција, јас ги избрав моделите, материјалите, деталите…“, вели Хамилтон.

Scroll to Top