Top Sport

Ф1 шампионот меѓу елитата која избегнувала данок

Името на новокрунисаниот четирикратен светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон се појави во „Парадајс пејперс“, документите во кои се открива како светската елита го „крие“ своето богатство.

Документите посочуваатдека Хамилтон преку офшор компании се „штител“ од плаќање на високиот данок од 3.27 милиони фунти за купувањето на својот приватен авион, „Бомбардиер ЦЛ605 челенџер“.

Возачот на Мерцедес го купил авионот во 2013 година преку низа офшор компании од Британските Девствени Острови, Гернси и Островот Мен, избегнувајќи плаќање данок во Велика Британија.

Хамилтон си замина од Обединетото Кралство пред повеќе години за да има престојувалишта во Монако и Швајцарија.

Според „Сандеј тајмс“, возачот на Мерцедес има лично богатство од 131 милиони фунти.

„Се тркам во 19 различни земји, така што заработувам пари на 20 различни места и плаќам данок на повеќе места. Плаќам доста и во Британија. Придонесувам за државата не само со тоа, туку и со тоа што вработувам 1.000 луѓе. Ова е дел од големата слика“, изјави неодамна Хамилтон.

Scroll to Top