Низата на мали, но не и незначајни промени во Формула 1 продолжува под новите американски сопственици „Либерти медија“, откако беше потврдено дека традиционалниот термин за трки од 14 часот во 2018 ќе биде поместен на 15.10.
Во обид да се добие поголема ТВ гледаност, новите сопственици ги поместија сите европски трки во 15.10 часот, со дополнителни 10 минути за подобро адаптирање на содржините од страна на ТВ-каналите.
„Дел од ТВ каналите ги почнуваа преносите точно во 14 часот, и затоа се пропуштаа емотивните моменти пред секоја трка. Поради оваа промена, гледачите ќе можат да имаат целосно искуство“, се вели во соопштението на Ф1.
Француското ГП ќе почне еден час подоцна, во 16.10 часот, за да се избегне судир со ТВ преносот на фудбалскиот меч од Светското првенство во Русија помеѓу Англија и Панама.
BREAKING: Some important race day changes for 2018
It’s all about the start times ⏰
Full details, plus schedules for all 21 #F1 race weekends ⬇️ https://t.co/zMI3RQ6mHB
— Formula 1 (@F1) February 1, 2018