Top Sport

Ф1 во САД ќе заработи 750 милиони долари

Формула 1 потпиша договор за продажба на ТВ права на компанијата „Епл“, односно на телевизијата на таа компанија, која на тој начин, ексклузивно, ќе ги емитува трките на најбрзиот циркус за САД.

Медиумите објавуваат дека „Епл“ ќе плати вкупно 750.000.000 долари на Формула 1 за преноси на трки, односно 150 милиони долари годишно од договорот.

Договорот стапува на сила на почетокот на 2026 година.

Сите корисници на „Епл“ ТВ ќе можат да ги следат трките на Формула 1 како дел од нивната редовна претплата во следните пет години. Инаку. ова е првата голема спортска содржина што ќе се емитува на споменатата станица платена преку редовна претплата.

„Епл“ всушност веќе ги емитува натпреварите од МЛС лигата, но ги наплаќа поинаку од Формула 1 – најдобриот фудбал на северноамериканскиот континент може да го гледаат корисниците со дополнителен надомест на веќе редовната претплата на основниот пакет.

Сè уште не се постигнати договори за тоа кој ќе ги коментира трките, но се подразбира дека Еплe веројатно ќе купи коментари од Ф1 ТВ или од „Скај Спортс“.

Интересно е што филмот Ф1 објавен претходно оваа година со Бред Пит во главната улога беше значаен фактор за обезбедување на овој договор. Филмот беше голем хит, заработувајќи околу 630 милиони долари и постигнувајќи ја највисоката заработка во конкуренцијата за филмови со спортска тематика.

Претходниот договор за права на Ф1 во САД беше со спортската мрежа ESPN и изнесуваше „само“ 80 милиони долари. Во соопштението на Ф1 се наведува дека договорот ќе го прошири спортот на сите канали на Епл, вести, мапи, музика, спорт и фитнес+.

Претседателот на Формула 1, Стефано Доменикали, по повод големиот договор за неговата организација, изрази задоволство што се обезбедени големите пари.

Scroll to Top